Линкови за пристапност

Во авионска несреќа во САД загинаа 50 лица


Двомоторецот на Континентал Еарлајнс паднал во населба на околу девет километри од Меѓунродниот аеродром Бафало Нијагара. Авионот полетал од Њуарк, сојузната држава Њу Џерси. Загинале сите патници и членови на екипажот, и едно лице кое било во куќата врз која паднал авионот.

Две други лица во истата куќа успеале да се спасат. Сведок кој видел како авионот прелетал над неговиот автомобил пред да се урне вели дека тој стрмоглаво одел надолу. Авионот по уривањето експлодирал, ја уништил куќата и предизвикал голем пожар.

Биле евакуирани лица од 12 куќи во непосредна близина на несреќата.

Истрагата е во тек. Новинските извештаи наведуваат дека во времето на несреќата врнел снег. Според снимката од радио-комуникацијата меѓу авионот и контролата на летањето, пилотот не пријавил проблеми со леталото.

Пред оваа, последен пат во САД се случи фатална несреќа на патнички авион во април 2006-та, кога во Лексингтон, Кентаки загинаа 50 лица. Авионот со кој патуваа се урна непосредно по полетувањето.

XS
SM
MD
LG