Големи фрустрациите на Капитол хил за време на распитот на кој присуствуваа сопственикот и менаџерот на погонот за преработка на кикиритки, од каде беа испратени производи од кои девет лица починаа, а стотици беа заразени. Кај овие производи беа пронајдени траги на салмонела. На распитот беа и членови на семејствата жртви на овој настан.
Ширли Алмер преживеала рак на бели дробови, тумор на мозокот, но не и
контаминиран путер со вкус на кикиритки.
Нејзиниот син, Џереми вели: „Жалењето
се претвори во бес додека се обидуваме да се справиме со оваа трагедија која
можеше да се спречи".
Клифорд Тусант, прадедо на 14 внуци и добитник на одликувања за учество во Корејската војна, исто така се заразил, а потоа починал, откако јадел путер со вкус на кикиритки.
Лу Тусант е негов син. Тој вели дека е тешко да се верува на лидерите на слободниот свет, ако не може се заштитат сопствените граѓани од храната што секојдневно ја конзумираат.
По јадење производи кај кои се пронајдени траги на салмонела починаа најмалку осум лица, а преку 600 беа заразени.
Во друга порака тој изразува загриженост за претходно позитивниот тест за
присуство на салмонела, жалејќи се дека тестовите ја чинеле компанијата огромна
сума пари.
Од сопственикот
на корпорацијата Стјуард Парнел и на менаџерот на погонот од каде се испратени
производите, беше побарано да сведочат
на овој распит, но како одговор законодавците го добија ова: „Го задржувам уставното
право да го употребам петиот амандман и да одбијам да одговорам на прашањата".
Претседавачот со комисијата, конгресменот Грег Валден наполнил тегла со производи кај кои се пронајдени траги на заразната бактерија и кои се повлечени од продажба.
Дали некој од вас двајца би сакале дека ја отворите оваа тегла и да пробате некои од овие производи?, ги запраша.
И повторно Панел и неговиот колега го искористија своето уставно право и одбија да одговорат на прашањето.
Во меѓувреме, Одделот за правда ја разгледува можноста за поведување на судска постапка за случајот. Производство и испраќање на храна која може штетно да влијае по здравјето на потрошувачите, е забрането со закон.