Линкови за пристапност

Индија ja поздрави  веста за „Пакистанска врска“  со нападите во Мумбаи


Во изјава од индиското Министерство за надворешни работи стои и дека Индија очекува Пакистан да преземе чекори за растурање на „инфраструктурата на тероризам" на нивна територија.

Порано во денот, шефот на пакистанското Министерство за надворешни работи, Рахим Малик, на новинарите им кажа дека дел од заговорот за Мумбаи бил направен во Пакистан. Тој исто така рече дека владата уапсила шестмина осомничени, вклучувајќи го и наводниот водач, и ги обвинила за поврзаност со забранетата исламистичка група, Лашкар-е-Таиба.

Пакистан претходно има кажано дека единственото преживеано наоружано лице од напаѓачите е од пакистанска националност. Но, Исламабад негира секаква директна вмешаност во тридневните напади на Мумбаи, кои започнаа на 26 ноември.

Индија ја обвинува Лашкар-е-Таиба и вели дека елементи од пакистанското разузнавање биле инволвирани. Милитантната група ги отфрла тие обвиненија, и пакистански официјални лица ги отфрлија индиските наводи.

Во тридневните напади на Мумбаи загинаа повеќе од 170 лица и ги зголемија пограничните тензии меѓу Пакистан и Индија.

XS
SM
MD
LG