Линкови за пристапност

Холбрук во Авганистан


Специјалниот американски претставник за Авганистан и Пакистан Ричард Холбрук пристигна во Кабул, ден откако Талебан таму изрши напади во кои загинаа најмалку 26 лица.

Ова е прва турнеја на Холбрук во регионот, а во Авганистан пристигна од Пакистан.

Минатата недела, Стејт департментот најави дека посетата на Холбрук е ориентациона и дека со себе не носи нови предлози за подобрување на меѓународните напори за стабилизација на Авганистан.

Авганистанските власти во меѓувреме истражуваат евентуална поврзаност меѓу Пакистан и напаѓачите од Талебан кои вчера извршија координаирани напади врз три владини згради во Кабул. Првиот човек на авганистанската безбедност Амрула Салех вчера изјави дека е можно милитантни групи со седиште во Пакистан да се поврзани со нападите

XS
SM
MD
LG