Линкови за пристапност

Разговори за името во Њујорк:  Без нов предлог, Нимиц бара „позитивна атмосфера“


Канцеларијата на ОН ја оцени денешната средба меѓу посредникот на ОН Метју Нимиц и преговарачите на Република Македонија Зоран Јолевски и на Грција Адамантиос Василакис како можност за подобро запознавање, со оглед на фактот дека ова е прв состанок на амбасадорот Јолевски во својство на преговарач. Канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар на ОН соопшти дека „тие разговарале за главни прашања и како да се постигне напредок".

Според ОН, на состанокот не станало збор за нов предлог.

Нимиц ја подвлекол потребата за создавање позитивна атмосфера со што би се избегнале иритирачки изјави на обете страни. Тој го оценил состанокот како „добра, солидна дискусија".

Јолевски и Василакис се согласиле повторно да се сретнат, но датумот допрва ќе биде утврден.

XS
SM
MD
LG