Линкови за пристапност

Пронајден славен потонат брод – каде е златото?


Група американски истражувачи најде остатоци на еден од најважните бродови во британската морнаричка историја. „ХМС Виктори" потона во Ла Манш во 1744-та со повеќе од илјада луѓе на себе и - многу веројатно - со четири тони злато. Точното место на несреќата и богатството беа мистерија – се` досега.

Судбината на „ХМС Виктори" со векови претставуваше загатка за многу историчари и ловци на богатство.

- Не се случува секој ден да исчезне брод и никој да не знае што се случило со него, вели Грег Стем од компанијата за поморско истражување „Одисеј" која ја реши мистеријата.

Истражувачите на „Одисеј" откриле два бронзани топа од бродот, што потврдило дека станува збор за „ХМС Виктори". Работата на „Одисеј" ја следеле камерите на ТВ-каналот Дискавери, со седиште во САД.

„Одисеј" наиде на остатоци од бродот на речиси 100 километри од местото каде се верувало дека бродот потонал. Истражувачите се разбирливо возбудени и се надеваат дека ќе најдат повеќе.

- Се разбира, богатството е она што го баравме. Мора да ги платиме сметките, вели Том Детвајлер, раководител на „Одисеј".

Според документацијата што ја најде „Одисеј", бродот носел четири тони злато. Истражувачите веруваат дека тоа денес може да чини повеќе од една милијарда долари. Но британската влада вели дека бродот и се` што тој носел – е нејзино.

„Одисеј" се надева дека ќе постигне договор со Британија во замена за извлекување на бродот од дното.

- Тоа не го правиме бесплатно. Се надеваме дека ќе ни ги платат дневните трошоци и би сакале да го поделиме богатството, коментира Том Детвајлер.

„Одисеј" наведува дека трошоците се големи – 35.000 долари на ден. Процесот на извлекување може да трае една година. Засега, екипажот на Odyssey ужива во славата, сонувајќи за нешто повеќе.

- Ова може да биде едно од најголемите откритија во историјата, вели Том Детвајлер.

„Одисеј" ја чува локацијата на потонатиот број како најголема тајна.

XS
SM
MD
LG