Линкови за пристапност

Веб-страница на неделата:  http://darwin-online.org.uk 


Веб-страница на неделата во избор на Гласот на Америка овојпат е место на Интернет посветено на еден од највлијателните научници во историјата Чарлс Дарвин. На 12-ти февруари се навршуваат 200 години од неговото раѓање.

Антологиското дело на Дарвин „За потеклото на видовите" беше објавено пред 150 години. Тој посекако живеел пред неговото време, но тешко е да се каже какво мислење би имал за Интернетот. Дали може да го замислите како блогер? Има многу веб-страници поврзани со Дарвин, но најавторитетна е „Дарвин онлајн" (http://darwin-online.org.uk) , каде се наоѓат мноштво на неговите записи:

-„Дарвин онлајн" е најголем извор на материјал од и за Чарлс Дарвин воопшто. Ги содржи сите негови книги и написи, а воедно е и најомебната колекција на неговите приватни белешки, вели Џон ван Вајн, директор на страницата.

На неа ќе го најдете рачно напишаниот дневник што Дарвин го водел на бродот Бигл додека ја истражувал Јужна Америка во 1830-тите. Може да ги читате неговите книги и тектови – што тој навистина кажал, а не што луѓето велат дека кажал.

-На пример, луѓето на страницата може да видат дека Дарвин воопшто не кажал дека потекнуваме од мајмуни. Може да ги погледнат оригиналните текстови.

„Дарвин онјалн" содржи 180.000 фотографски прикази на книги, извештаи, журнали и други материјали од и за Дарвин. Благодарение на технологијата за оптичко препознавање на знаците – можно е пребарување низ оваа датотека.

Ставовите на Дарвин предизвикаа дебата уште во времето кога беа првично објавени. Ван Вај вели дека материјалот собран на „Дарвин онлајн" е суштински дел на дебатата што трае денес, за еволуцијата и природната селекција.

Научете за еден од најголемите научници во светот на веб- страницата http://darwin-online.org.uk.

XS
SM
MD
LG