Со губењето работни места во САД, што е на највисоко ниво со децении, расте и потребата за програми за преквалификување. Тоа особено се однесува за околу 700 илјади луѓе кои завршиле издржување затворска казна. Во Вашингтон ДЦ функионира една таква програма.
Морис Квин, обучува лица кои сакаат да добијат
работа како чистачи. За овие лица добивањето работа е уште попроблематично заради нивното минато – тие се поранешни
осуденици. 29-годишниот Андре Клинтон вели дека многу минал откако излегол од затвор:
"На почетокот немав ништо, а
сега имам можност да станам подобар и да го оставам моето минато зад мене. Особено негативноста, и да туркам
напред", вели Клинтон.
Овие поранешни осуденици од
околината на Вашингтон ДЦ се дел од националната програма што ја води Goodwill
Industries, организација за помош на поранешни осудени лица да најдат работа. Претседателот Џим Гибонс гледа голема потреба во земјата за
интегрирање на поранешни осуденици назад во заедниците. Ако не успееме во тоа, вели
тој, ќе си направиме штета самите на себе, зашто тие луѓе нема да се
здобијат со вештини да бидат успешни на
работа.
Во 2007, агенциите на Goodwill помогнале на близу 82-илјади сегашни и поранешни
затвореници за сездобијат со
работни вештини, со дом и
зависници од алкохол и дрога да добијат помош при одвикнување.
Карен Едвардс е убедена дека по
завршување на курсот ќе најде
работа како чистачка во болница. Заради
дрога, таа го напуштила училиштето а сега се обидува да најде нова смисла на
животот. Таа сега вели: "Моето има го имаше во судски
документи. Сега сакам името да ми стои на нешто позитивно. Како на диплома, на
пример, нешто на што ќе бидам горда и по што син ми ќе ме памети."
Морис Квин вели дека е многу
важно да мотивираат поранешни осуденици да направат нешто за наоѓање работа што ќе
води кон добра кариера.
"Нашите студенти преживеале
многу и тешкотиите не им се туѓи. Сакаме тоа искуство да го свртиме кон
тешкотија да се постигне нешто што ќе ги
повлече напред", вели Квин.
Ваквите програми се
исклучително вредни со тоа што на поранешни осуденици им се дава втора шанса за враќање во живот без криминал.