Линкови за пристапност

Холбрук разговара со пакистански претставници за контратерористички мерки


Специјалниот пратеник на претседателот Обама за Пакистан и Авганистан Ричард Холбрук се сретна со виши пакистански претставници за борбата против терористите во регионот.

Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Мехмуд Куреши соопшти дека Пакистан и САД се договориле да формираат заедничка група кој ќе дискутира за политичките можности за справување со милитантите. Тој рече дека заедно со Холбрук ќе раководат со групата.

Холбрук е во прва посета во регионот откако претседателот Обама го назначи за специјален пратеник за Јужна Азија. Тој ќе се сретне со пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари и премиерот Јусуф Раза Гилани во Исламабад.

Пакистански официјални лица и во оваа прилика упатија поплаки за нападите со американски беспилотни летала долж пакистанско-авганистанската граница.

На првата прес-конференција откако стапи на функцијата претседател, Барак Обама синоќа рече дека терористичките засолништа долж границата мора да бидат искоренети.

Дипломатот со долгогодишно искуство Ричард Холбрук ќе се сретне и со воени лидери и претставници од пакистанското граѓанско општество и деловниот сектор, пред за замине за Авганистан и Индија.

XS
SM
MD
LG