Иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад рече дека поздравува разговори со САД засновани на „обострано почитување“.
Ахмадинеџад на прославата на 30-тата годишнина на Иранската исламска револуција изрази надеж дека промените во надворешната политика на претседателот Барак Обама ќе бидат„фундаментални, а не само тактички“.
Стотици илјади Иранци ги преплавија улиците на Техеран да ја прославата револуцијата од 1979-та со која беше соборен иранскиот шах, а власта ја презеде свештенството на чело со покојниот ајатолах Рухола Хомеини.
Секоја година во Иран се одржува прослава „10-те дена на зората“ чија круна е Националниот ден на Иран на 10-ти февруари.