Линкови за пристапност

Сенатот одобри пакет за стимулирање на економијата од 838 милијарди долари 


Американскиот Сенат одобри пакет за стимулирање на економијата од 838 милијарди долари, со тоа давајќи му на претседателот Барак Обама голема политичка победа во обидот да создаде нови работни места и да ја заживее економијата.

Тројца републиканци се приклучија на мнозинството демократи и гласаа за обемниот пакет. Обама го поздрави таквиот исход за време на средба со граѓани во економски тешко погодена област во сојузната држава Флорида, велејќи дека усвојувањето на пакетот претставува добар почеток, но дека претстои уште многу работа.

Тој деновиве интензивно лобираше за брзо усвојување на пакетот, обраќајќи им се директно на Американците и со тоа вршејќи притисок врз сенаторите. Сега Сенатот и Претставничкиот дом треба да ги усогласат своите изгласани верзии на пакетот, пред конечната да се најде на потпис кај претседателот.

Повеќето пратеници од Републиканската партија се против пакетот, тврдејќи дека вклучува многу трошоци, а малку даночни скратувања.

XS
SM
MD
LG