Линкови за пристапност

Иранската исламска револуција 30 години подоцна


Исламската револуција од 1979 се смета за една од најважните револуции во историјата. Го смени Иран од монархија до теократија и се одрази на цел свет. Влијанието се чувствува и денес, 30 години подоцна.

Иранската писателка и режисерка Зиба Шакиб денес живее во Дубаи.Иран и недостига, вели таа, која е една од околу два милиони или повеќе Иранци кои ја напуштиле татковината. Некои се враќаат на посета, други никогаш.

Причина е револуцијата пред 30 години, со која беше симната монархијата и воведена власта на шиитските свештеници.

Тензии имало меѓу Шахот Мохамед Реза Пахлави и противниците, од левите марксисти до уставни реформатори и конзервативни исламисти.

Режимот станал се понепопуларен заради наводи за корупција, политичко угнетување и непопуларни реформи. Многумина на шахот гледаа како западен пион кој го продал богатството на државата за мала, прозападна и екстравагантна елита.

Поранешниот британски Секретар за надворешни работи Лорд Дејвид Овен вели дека шахот до доцните 1970ти го отуѓил најголемиот дел од иранското општество:

"Трговците негодуваа заради инфлацијата, религиозните мули негодуваа заради – како што тие гледаа – ослабувањето на исламската вера, а студентите беа незадоволни зашто немаше доволно слобода и демократија."

Протести се ширеле низ земјата.

На 16 јануари 1979 Шахот го напуштил Иран и 18 месеци умрел од рак во Каиро.

На 1 февруари, ајатолахот Рухола Хомеини се врати од егзил во Франција како херој и неприкосновен лидер на револуцијата.

До април Исламската република официјално била востановена.

Промена дошла, но не како што многумина се надеваа. Имало егзекуции, масовни апсења и хаос.

Во ноември 1979, група студенти ја зазедоа американската амбасада во Техеран и држеа 52 американски заложници 444 денови.

Вашингтон ги прекина врските и постави санкции. Односите допрва треба да се поправаат.

Во меѓувреме, Ирак го искористи хаосот и го нападна Иран во 1980. Осумгодишната војна однесе еден милион животи на двете страни.

Внатре, исламистите ја консолидираа власта. Личните и општетвените слободи беа со закон ограничени.

Заради поддршката на Хезболах во Либан и други радикални групи, Иран доби етикета - поддржувач на тероризам.

Работата на здобивање со нуклеарна технологија му донесе уште поголема светска осуда и санкции.


Многу Иранци на новиот американски претседател Барак Обама гледаат како на надеж дека работите ќе се променат на подобро.

Сепак, аналитичарите велат дека со Махмуд Ахмадинеџад на чело на Иран, промената нема да оси лесно. Тие советуваат Западот да прифати дека иранската револуција и натаму е силна. Колку – останува да се види.

XS
SM
MD
LG