Фронтменот на Лед Цепелин Роберт Плент и блуграс пејачката Алисон Краус имаат добра причина да слават по синоќешното доделување на наградите Греми во Лос Анѓелес. Краус и Плент се добитници на наградата за најдобар албум на годината за нивната соработка во "Raising Sand", што претставува успешна компилација на фолк балади и ритам и блуз хитови. Нивниот сингл "Please Read the Letter" пак, е прогласен за најдобра нумера на годината.
Раперот Лил Вејн се закити со четири награди, вклучувајќи најдобар рап албум и најдобра рап нумера за неговиот хит "Lollipop."
Британската рок група Coldplay доби Греми за најдобра поп изведба и за најдобра нумера на годината за "Viva la Vida."