Линкови за пристапност

Веб-страница во избор на Гласот на Америка: наоѓање факти


Некои сметаат дека цифрите се здодевна работа, но тие даваат богата и детална слика за една држава.Интернет страницата factfinder.census.govго овозможува токму тоа.

„Страницата нуди огромен број на податоци и тоа за возраста, расата, полот и односите меѓу членовите на семејството. Истовремено прибираме и податоци за примањата, потеклото, статусот на лицата со физички недостатоци, образовен статус итн.“, вели Мериан Бреиди од Американското пописно биро.

Таа додава дека веб-страницата Пребарувач на податоци, месечно добива меѓу еден до два милиони посетители и тоа главно се студенти, научници, архитекти, политичари, деловни лица и други.

Страницата нуди и визуелна презентација на податоците, како мапи на потеклото на одреден број лица.

Пописот, случајно, ги класифицира Американците во 86 различни групи на потекло, од Авганистан, до поранешна Југославија.

Системот не е наменет само за пребројување на луѓе, овде постои и информација за бројот на семејствата, за домување, месечни примања, производство и други економски мерки.

Доколку сте заинтересирани да дознаете нешто повеќе за САД, преку цифри и мапи, ве покануваме да ја посетите веб страницата factfinder.census.gov.

XS
SM
MD
LG