Линкови за пристапност

Сината боја за креативност, црвената за помнење


Според нова студија, реакцијата на мозокот кај луѓето несвесно е поврзана од различните бои зависно од природата на задачата.

Во студијата, истражувачите од Универзитетот на Британска Колумбија сакаа да ја разрешат долгогодишната дебата меѓу оние кои се занимаваат со маркетинг околу боите, дали црвена или сината боја повеќе го стимулира мозокот.

Професорот по маркетинг Џулиет Чу вели дека обете бои го стимулираат мозокот, но зависи од природата на активностите:

„Ако задачата бара внимание на детали, црвената помага. Но, ако задачата е од покреативна природа, тогаш сината боја ќе помогне".

Чу и нејзините колеги следеле 600 учесници во периодот меѓу 2007 и 2008-ма, регистирајќи го нивното однесување на шест компјутерски тестови кои бараат внимание на детали или барале креативност.

Кога биле изложени на црвен екран на комјутерот, Чу вели дека од учесниците од едната група било побарано да запаметат листа со зборови и да ја повторат по дваесет минути. Пронајдовме дека оние кои пред себе имале црвена позадина повеќе запомниле отколку оние кои имале сина позадина.

Чу вели дека поради црвената боја 31 процент од волонтерите биле понаклонети кон запомнување детали.

Таа додава дека луѓето со сина позадина на екраните од компјутерите имале два пати поголема креативност отколку оние кои извршувале исти активности, но на црвена позадина.

Чу вели дека луѓето кои се заминаваат со маргетинг треба да ја искористат предноста од несвесните пораки што боите им ја испраќаат на потрошувачите, зашто сината промовира спокојство, а со црвената ако сакате да привлечете нечие внимание.

Студијата за боите и реакцијата на човековиот мозок е објавена во журналот Наука.

XS
SM
MD
LG