Линкови за пристапност

Безбедносна конференција во Германија


Германија е домаќин на безбедносна конференција во Минхен фокусирана на прашања за иранската нуклеарна програма и определбата за зголемување на бројoт на војници на НАТО во Авганистан.

Американскиот потпретседател Џо Бајден ги претставува САД на три-дневната средба. Тој ќе има билатерални разговори со официјални лица од Германија, вклучувајќи ја канцеларката Ангела Меркел и шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер, полскиот премиер Доналд Таск, украинскиот премиер Јулија Тимошенко, францускиот претседател Никола Саркози, британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд и генералниот секретар на НАТО Јаап де хоп Шефер.

Спроти отварањето на конференцијата, спикерот на иранскиот Парламент Али Лариџани се сретна со шефот на Агенцијата на ОН за контрола на нуклеарното оружје Мохамед ел Барадеј. Иранската нуклерна програма е тема на интензивни меѓународни односи.

Германија и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Кина, Русија, Британија и Франција, се обидуваат да гo убедат Иран да запре со процесот на ослободување ураниум кој може да се користи за производство на нукеларно оружје. Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е за мирољубива, цивилна употреба.

XS
SM
MD
LG