Американски официјални лица соопштија дека училишта во три сојузни држави – Калифорнија, Ајдахо и Минесота можеби примиле продукти од кикиритки со салмонела.
Официјални лица во американскиот Оддел за земјоделство јавија дека федералната влада им дала на училиштата путер од кикиритки и печени кикиритки од Корпорацијата за производство на кикиритки во Америка, преку програма за бесплатен ручек во 2007-ма.
Корпорацијата за производство на кикиритки се посочува како одговорна за епидемијата на салмонела од која заболеа најмалку 575 лица, а починаа најмалку осум.
Веста доаѓа само еден ден откако федералната Агенција за вонредни ситуации, ФИМА, ги предупреди погодените од неодамнешното невреме во две сојузни држави, Кентаки и Арканзас, дека путерот од кикиритки кој го добиле како бесплатен оброк може е заразен со салмонела.
Во четвртокот, владината Агенција за контрола на храната, ја суспендираше корпорацијата за производство кикиритки од склучување федерални договори за една година.