Линкови за пристапност

Пакистан ќе ги објави резултатите од истрагата за нападите во Мумбаи


Пакистанскиот премиер соопшти дека неговата влада наредната недела ќе ги обелодени резултатите од истрагата од нападите во Мумбаи, во кои загинаа 170 лица.

Премиерот Јусуф Раза Џилани денеска изјави дека американскиот специјален претставник за Јужна Азија, Ричард Холбрук, ќе го посети Пакистан в понеделник.

Индија за минатогодишните напади ја обвини забранетата милитантна група Лашкар-е-Таиба. Организацијата со седиште во Пакистан, ги отфрли овие обвинувања.

Неделава, индискиот секретар за надворешни работи Шившанкар Менон изјави дека организаторите на нападите биле и останале припадници на Пакистанската внатрешна разузнавачка служба.

Пакистанската влада ги отфрла индиските обвинувања. Владата воедно потврди дека единствениот преживеан од напаѓачите во Мумбаи, кој сега се наоѓа во индиска надлежност, е пакистански државјанин.

Холбрук во моментов ќе треба да се справи и со заострените тензии меѓу Индија и Пакистан, како дополнение на влошената ситуација во Авганистан, што спаѓа во неговиот ресор на надлежност.

XS
SM
MD
LG