Линкови за пристапност

Американската економија загуби уште 598 илјади работни места


Во јануари американската економија забележа најголем губиток на работни места, што нагло ја крена стапката на невработеност.

Најголемата светска економија има нето загуба од 598 илјади работни места додека рецесијата силно ги погаѓа производствените и градежни сектори.

Денешниот извештај од Одделот за труд вели дека невработеноста во јануари достигнала 7,6 проценти. Тоа е четири десетини од процентот полошо од претходниот месец и најлошо ниво за последните 16 години.

Економистите велат дека ситуацијата со невработеноста најверојатно ќе се одрази на целата економија, намалувајќи ја довербата на потрошувачите и потрошувачката, што сочинува две третини од американската економска активност. Исто така може да порасне цифрата на луѓето кои заостануваат со плаќање на заемите, што ќе биде дополнителен притисок на веќе ослабениот сектор за домување.

Денешниот извештај дојде по веста од четвртокот дека бројот на Американци кои минатата недела се пријавиле за помош е највисок за последниве 26 години.


XS
SM
MD
LG