Линкови за пристапност

Саем на автомобили во Вашингтон – акцент на „зеленото“


Домашни и странски автомобилски производители се надеваат на зголемен интерес за своите најнови модели на Саемот за автомобили во Вашингтон. Традиционалниот годишен саем во главниот американски град годинава се одржува во услови на економска криза - производителитепред неколку месеци беа на работ да запрат со работа поради економската криза.

Со над 700 нови модели, меѓу кои и најновите со акцент на економичноста и екологијата, автопроизводителите се надеваат дека има по нешто за сечиј вкус. Претседателот на

-Очекуваме посети од Одделите за труд и енергетика. Со оглед на владината помош за автопроизводителите, вниманието врз нашата индустрија и важноста да се задржат работните места во неа, интересот на владата Обама е голем.

На Самитот за еколошки автомобили во организација на Саемот, првите лица на автоиндустријата дебатираа за енергетските алтернативи. Извршниот директор на Ауди Америка Јохан де Најшен претпочита балансиран пристап:

-Потребна ни е енергетска политика што ќе ја образува транзицијата од тоа каде сме денес, па се` до тоа каде треба да бидеме утре. Јас сум против тоа дека решението е - една единствена технологија.

Независно дали се работи за автомобили на природен гас, електрична енергија или хибридни верзии од двата типа, Брита Грос од Џенерал Моторс вели дека е клучно производителите да го направат вистинскиот избор:

-Тешко е. Треба да се решиме со што ќе одиме во иднина, а немаме доволно пари за таков влог.

Џенерал Моторс веќе потрошил една милијарда долари за развој на прототип на електричен автомобил. Засега најголем проблем и фактор е економијата. Стручњаците предвидуваат благо подобрување на продажбата на автомобили веќе во втората половина на годинава.

XS
SM
MD
LG