Линкови за пристапност

Обама зборува за моќта на религијата


Претседателот Барак Обама вели дека Америка и светот треба да го искористат моќта на верата за поврзување на луѓето и за општо добро, и дека ќе ги зближи свештените лица и секуларните лидери во заеднички напор за помош на заедниците.

Претседателот Обама во првите недели на функцијата презеде бројни акции за промени во политиката на неговиот претходник, Џорџ Буш. Сепак, во една област обајцата се согласни – важноста на вероисповедта во американскиот живот.

Обама ја задржува иницијативата базирана на верата креирана од страна на претседателот Буш, но под друго име. Целта на иницијативата е да им се помогне на општинските програми предводени од верските институции.

„Наместо да не разединуваат, нашите различни верувања ќе можат да не зближат за да се нахранат гладните, за да се облечат голите, да се утешат погодените, да се донесе мир онаму каде има конфликт и да се почне обнова на место на разурнатото“, истакна Обама.

Претседателот се обрати на Молитвениот појадок кој традиционално секоја година се одржува во Вашингтон и на кој присуствуваат владини и деловни лица, како и претставници на свештенството ширум светот.

Претседателот Обама истакна дека мошне често верата се користи како изговор за предрасуди, нетолеранција и војна. И додека постојат различни религии, факт е дека сите се базираат на иста вистина.

„Без оглед на тоа што ќе избереме да веруваме, да се потсетиме дека нема религија што се темели на омраза. Не постои Бог кој одобрува одземање на недолжни човечки животи. Тоа сите го знаеме“, порача Обама.

Американскиот лидер сите поголеми религии во светот се засновани на заедничка вредност.

„Тоа е Златното правило – меѓусебно да се сакаме, да се разбираме, оние со кои го споделуваме животот да ги третираме со достоинство“, кажа тој.

На Молитвениот појадок се обрати и поранешниот премиер

XS
SM
MD
LG