Линкови за пристапност

Сомалиските пирати го ослободија бродот со контроверзно оружје


Пиратите го ослободија украинскиот брод кој пренесувал 33 тенка и друго оружје откако добиле откупнина во висина од 3,2 милиони долари. Бродот беше држeн на сомалиското крајбрежје oд септември минатата година.

Бродот пренесувал 33 советски тенкови, противоздушни ракети, лансирачи на гранати и друг вид на оружје до пристаништето во Момбаса, Кенија, а бил задржан во близина на сомалиското пристаниште Харардер.

Карго бродот предизвика огромна контроверза. Кениската влада тврдеше дека оружјето е наменета за нивна употреба, но многумина аналитичари, вклучувајќи и дипломати во регионот, рекоа дека оружјето требало да дојде во рацете на полуавтономната влада на Јужен Судан.

Суданските бунтовници потпишаа мировен договор со суданската влада во 2005 година, а преговорите се одржуваа во Кенија. Договорот се покажа нестабилен, истовремено се верува дека владите во северен и јужен Судан ги зголемуваат своите залихи на оружје. Оттука и стравувањата за обновување на конфликтот.

Американски морнарички бродови во моментов го обезбедуваат спорниот карго брод. Во меѓувреме, украинската влада соопшти дека бродот ќе ја продолжи дестинацијата до Момбаса. Експертите велат дека кениската влада ќе има потешкотии да следи каде ќе завршат овие тенкови.

Само минатата година, сомалиските пирати запреле 42 бродови и уште три во 2009. Како одговор на бранот насилства, одредени земји ширум светот испратија преку 20 бродови кои патролираат во водите на сомалиското крајбрежје.

XS
SM
MD
LG