Линкови за пристапност

Невработеноста највисока за последниве 26 години


Американската влада изнесе нови лоши вести за економијата на државата, велејќи дека бројот на лица кои за прв пат побарале бенефиции заради невработеност е највисок за последниве 26 години.

Извештајот на Одделот за труд објавен денес вели дека бројот на отпуштени работници кои за прв пат се пријавиле за помош скокнал на 626-илјади минатата недела. Официјални лица велат дека тоталниот број работници со бенефиции заради невработеност сега е близу 4,8 милиони, што е уште еден рекорд. Сеопфатниот владин извештај за невработеноста треба да се појави утре.

Економистите анкетирани од новинските организации предвидуваат натамошно растење на националната стапка на невработеност за три десетини од процентот за да достигне 7,5 проценти. И покрај зголемувањето на бројот на невработени американските компании добиваат поголема продуктивност од се помалата работна сила. Продуктивноста е мерка за тоа колку работникот може да произведе за еден час, а тоа е зголемено за повеќе од три проценти за последните три месеци на 2008.

XS
SM
MD
LG