Линкови за пристапност

Македонска делегација на Националниот молитвен појадок во Вашингтон


Делегација од Македонија на 5-ти февруари ќе учествува на 57 -от по ред годишен молитвен појадок во Вашингтон на кој се собираат политички, деловни и други лидери од САД и целиот свет. Во македонската делегација се потичари,бизнисмени,активисти за човекови права и свештени лица. Делегацијата ја предводи претеникот на владеачката ВМРО- ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

- Ќе имаме средби и со демократите, и со републиканците, затоа што нашите добри односи се одвиваат независно од тоа кои се владите во Македонија или кои се администрациите во Америка. Истото, покрај за Сенатот и Конгресот, важи и за Стејт департментот. Добро е таму да ги презентираме македонските аргументи. За нас е посебно важно да ги кажеме работите што се однесуваат на името на Република Македонија, нашите контакти со НАТО, меѓународните мисии и другите работи што се релевантни за односите помеѓу САД и Македонија, вели Ѓорчев.

Во делегацијата се и премиерот Никола Груевски и сопругата на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, Вилма Трајковска, пратениците Теута Арифи, Цветанка Иванова, Имер Селмани, Оливер Шамбевски, Слободан Ташовски и амбасадорот во САД и преговарач за името Зоран Јолевски.

XS
SM
MD
LG