Линкови за пристапност

Невработеноста во САД  расте со најбрзо темпо


Два извештаи покажаа дека трендот на зголемување на невреботеноста е на најбрза патека со години.

Бројката на отпуштени лица во јануари скокна за 45 проценти во споредба со декември, и тројно е поголема споредено со истото време лани.

Извештај од приватна фирма за вработување обелодени дека работниците во малопродажбата се најпогодени, а по нив следат оние од индустриското производство и компјутерската бранша.

Во втор извештај се посочува дека само во јануари во САД 522.000 лица останале без работа.

Овие извештаи се само поглед на она што ќе го содржи извештајот за невработеноста на владата, што ќе биде објавен во петок.

Економистите предвидуваат дека стапката на невработени во САД ќе порасне за три десетини од еден процент и ќе стаса до ниво на 7, 5 отсто.

XS
SM
MD
LG