Новиот специјален пратеник за Авганистан и Пакистан – американскиот дипломат-ветеран Ричард Хoлбрук, заминува на прва посета во регионот.
Портпаролот на Стејт департментот Роберт Вуд изјави дека Холбрук ќе учествува на тридневна конференција посветена на безбедноста во Германија пред да замине за Авганистан и Пакистан на почетокот од следната недела.
Портпаролот рече дека Холбрук исто така ќе ја посети и Индија и ќе дискутира за Авганистан и прашања врзани за пакистанско-авганистанската граница. Тој рече дека Индија има големи интереси во Авганистан.
Вуд рече дека Холбрук не носи со себе специјални предлози за зголемување на меѓународните напори за стабилизирање на Авганистан. Тој рече дека патувањето ќе биде од типот на „запознавање", по што Холбрук ќе му поднесе извештај на претседателот Обама и државниот секретар Клинтон.
Американски лица велат дека Холбрук нема да зборува за Кашмир, спорното прашање меѓу Индија и Пакистан.
Холбрук беше брокер на мирот во Босна во 1995.
Холбрук е еден од архитектите на Дејтонскиот мировен договор во 1995-та, со кој беше ставен крај на војната во Босна.