Иранското
Министерство за надворешни работи соопшти дека нема да им даде визи на учесничките
во американскиот тим за бадминтон, поканет да учествува на меѓународниот турнир
во Техеран.
Портпаролот на Министерството Хасан Кашкави истакна дека издавањето на визи е процес што одзема многу време, а времето за процесирање на пријавите било мошне кратко.
Американскиот бадминтон тим требаше денеска од Дубаи да замине за Техеран.
Стејт департментот соопшти дека осум членови на репрезентацијата и четворица тренери и менаџери, се поканети да учествуваат на Меѓународниот турнир во Иран.
Патувањето би било во рамки на програмата на Стејт департментот „луѓе со луѓе", неформална културна размена, која започна во 2006 година. Претходно меѓу двете земји беше вршена размена на уметници, спортисти и професионалци од областа на здравството.