Линкови за пристапност

Номинираните за Оскар во подготовки за големиот ден


Холивуд сеподготвува за доделувањето на престижните филмски награди – Оскар. Во трката за статуетката се и ветерани и дебитанти во индустријата. Кејт Винслет е номинирана за улогата во The Reader, каде игра поранешен стражар во концентрационен нацистички логор. Ова е нејзина шеста номинација, четврта во категоријата главна улога, но засега без позитивен исход.

„Овде сум веќе неколку пати и сум загубила во трката за Оскарот, така што искрено, веќе знам како да реагирам", вели Винслет.

Меѓу останатите номинирани за најдобра женска улога се Анџелина Џоли за Changeling, и Ен Хетавеј за романтичната приказна Rachel Getting Married. Тука се и Френк Ланџела за неговата улога на поранешниот американски претседател Ричард Никсон во Frost/Nixon и Шон Пен за Milk, посветен на активостот на правата на хомосекцуалците Харви Милк.

Филмската ѕвезда и ветеран во доделувањето на Оскар Мерил Стрип е номинирана за улогата во Doubt, за случај на наводно злоставување на дете во католичка црква, а Филип Сејмор Хофман е номиниран во категоријата споредна машка улога во ова остварување. Покојниот Хит Леџер е номиниран за Оскар за споредна улога во најновото продолжение на Бетмен, насловено The Dark Knight.

Мики Рурк, номиниран за најдобра машка улога во The Wrestler.

„Како и филмот, ова е и мое враќање на сцената од која бев отсутен околу 14 години, сега имам втора шанса", вели тој.

Актерката Тараџи Пи Хенсон работи во Холивуд околу една деценија. Годинава таа за прв пат е номинирана во категоријата женска споредна улога во филмот The Curious Case of Benjamin Button. Батон го играБрет Пит, номиниран за Оскар за главната улога. Хенсон вели дека нејзиниот пат до Холивуд не бил ни најмалку лесен:

„Немав пари. Тукушто завршив колеџ, имав соништа и голема желба, се сеќавам дека постојано велев – сакам да одам во Калифорнија. Навистина сакав да го сторам тоа; Некои сметаа дека е лудост, дека таму ќе гладувам, но сега се горди бидејќи имав сон што го претворив во јаве".

Роберт Дауни Џуниор е номиниран за споредна улога во филмот Tropic Thunder, а Пенелопи Круз е номинирана за Оскар за споредна женска улога во најновиот филм на Вуди Ален, Vicky Cristina Barcelona. Шпанската актерка изјави дека секако би сакала да победи, но истовремено е задоволна и со тоа што е номинирана за улогата. Ова е втора номинација на Круз за Оскар. Првата беше во 2006-та за улогата во Volver.

„Пресреќна сум да бидам дел од групата луѓе кои работат и живеат од оваа професија што ја засакав уште како мала. Затоа не сум опседната со тоа да се закитам со Оскар. Желба ми е да уживам во секој момент од оваа прекрасна авантура", изјави Круз.

Авантурата ќе продолжи на 22-ри февруари, кога во Холивуд ќе биде одржана церемонијата на доделување на Оскарите.

XS
SM
MD
LG