Линкови за пристапност

Номинираниот за прв човек на  амеирканското здравство – се повлече


Том Дешл, изборот на претседателот Барак Обама за Секретар за здравство, ја повлече својата кандидатура по скандалот со задоцнетото плаќање на даноци од над 120 илјади долари

Во писмена изјава Дешл кажа дека не би бил во состојба да оперира со полна доверба од Конгресот и од американскиот народ. Тој рече дека не сака да биде пречка за агендата на Обама.

Претседателот даде свое соопштение во кое кажа дека го прифаќа повлекувањето на Дешл „со жалење".


Во понеделникот, Дешл испрати писмо до сенатската Комисија за финансии во кое се извини за „ненамерни" грешки во плаќањето на своите даноци. Поранешниот лидер на Демократите во Сенатот кажа дека е „длабоко засрамен и разочаран" од пропустите.






XS
SM
MD
LG