Националното јавно радио цитира неименувани американски претставници кои велат дека неодамнешните напади, со кои раководела Централната разузнавачка агенција, предизвикале огромни загуби во редовите на Ал-Каида.
Американските претставници успесите ги припишуваат на подобреното разузнавање од граничната област на Пакистан. Тие додаваат дека е прерано да се објави победа над Ал-Каида, но оти сега е возможен комплетен пораз на мрежата долж пакистанската граница.
Радиото кажа дека напредокот е резултат и на одлуката на претседателот Барак Обама да одобри користење на авиони без човечки екипаж, и покрај јавните негодувања од страна на пакистанската влада.