Американскиот претседател Барак Обама соопшти дека го номинира републиканскиот сенатор Џад Грег за секретар за трговија.
Од Белата куќа, претседателот Грег го нарече вистинска личност за на чело на Одделот за трговија.
Сенаторот од Њу Хемшир е Републиканец од висок ранг во сенатската комисија за буџет и има место во поткомисиите кои имаат надлежност во трговијата, одбраната и домашната безбедност.
Обама изјави дека Грег се согласил со него од итноста на потребата од заздравување на американските бизниси и семејства и покажал успех во работа со ривалските Демократи во завршување на зацртаното.
Грег јасно стави на знаење дека ќе ја прифати понудата од Обама само ако Републиканец го пополни неговото испразнето место во Сенатот.
Во друг развој на настаните, администрацијата на Обама доживеа уште едно повлекување на високо-профилирана номинација.
Ненси Килефер ја повлече својата кандидатура за прв пат востановената позиција во земјата како Главен офицер за надзор на буџетот откако се појавија новински извештаи дека не платила некои даноци.
Поранешното официјално лице од Одделот за транспорт и консултант за ефикасност во бизнисот беше избрана да ги скрати владините програми кои не функционираат. Во писмо до Обама, Килефер вели дека прашањето со нејзиното плаќање даноци може да биде искористено да се одвратат и одложат таквите должности.
Таа е трета висока номинација од администрацијата на Обама која поради неплаќањето даноци има проблеми со номинирањето.
Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека претседателот Обама има намера да го номинира директорот од Одделот за ветерански прашања во сојузната држава Илиноис Тами Дакворт, за заменик-секретар за федералниот Одел за ветерански прашања.