Линкови за пристапност

Обама ја брани номинација на Дешл за секретар за здравство


Американскиот претседател Барак Обама вели дека апсолутно стои зад својата номинација за секретар за здравство, кој се најде на удар заради задоцнетото подмирување на даночните обврски во висина од над 120.000 долари.

Претседателот го бранеше Том Дешл, кога од новинарите беше прашан за неговата контроверза за даночните обврски.

Дешл испрати писмо до Сенатската комисија за финансии во кое се извини за како што рече „ненамерната грешка" со неговите даноци. Поранешниот лидер на сенатските

Демократи рече дека „длабоко засрамен и разочаран" од своите пропусти.

Тој денеска ќе биде испрашуван пред Сенатската комисија за финансии, која треба да гласа по неговата номинација пред предметот да оди на гласање во Сенатот во полн состав. Дешл изјави дека е подготвен да одговори на кое било прашање на Сенатот во врска со неговото подмирување на даночните обврски.

Дешл истакна дека грешките при исплатата на даноците во изминативе три години се направени при поднесување на несоодветна документација за користење на автомобилски услуги и донации во хуманитарни цели.

XS
SM
MD
LG