Линкови за пристапност

Договорите со приватници во Ирак и Авганистан – на тапет


На својот прв распит, американската комисија за воени договори ќе расправа за проблемите поврзани со владините договори за воена поддршка, реконструкција и приватно обезбедување во конфликтите во Ирак и Авганистан.

Оваа независната комисија треба да ги сослуша излагањата на одговорните за реконструкција на Ирак, на претставници на Одделот за одбрана, Стејт департментот и Американската агенција за меѓународен развој.

Според новинската агенција Асошиетед прес, овие владини лица пред комисијата ќе посочат дека лошото планирање, неподобниот надзор и алчноста, ги ослабуваат капацитетите на американските сили во странство.
Досега бројни пописи, истраги и конгресни распити документирале дека милијарди долари се слеале во спорни издатоци во рамки на воените договори.

Асошиетед прес додава дека поднесени се околу 150 кривични пријави за илегални актовности, вклучувајќи наводи за поткуп, наместено наддавање и кражби.

XS
SM
MD
LG