Линкови за пристапност

Том Дешл, номиниран за секретар за здравство, се извини за задоцнетото подмирување на даночните обврски


Дешл жали за грешките поради кои бил приморан да плати задоцнет данок од околу 140.000 долари.

Поранешниот сенатор, кого претседателот Барак Обама го номинираше на функцијата секретар за здравство и здравствени услуги, во денеска објавеното писмо, наведува дека е „мошне засрамен“ и е подготвен да одговори на кое било прашање на Сенатот во врска со неговото подмирување на даночните обврски.

Дешл истакна дека грешките при исплатата на даноците во изминативе три години се направени при поднесување на несоодветна документација за користење на автомобилски услуги и донации во хуманитарни цели.

Тој денеска треба да се појави пред Сенатската комисија за финансии, која пак треба да гласа по неговата номинација пред предметот да се пресели на гласање во Сенатот во полн состав.

XS
SM
MD
LG