Илјадници луѓе излегоа на утринскиот студ во сојузна држава Пенсилванија и добија вести што можеби не сакаа да ги чујат – уште шест недели зимско време!
Во гратчето Панксатони, годишен настан е кога мрмотот, кој се вика Фил, се извлекува од неговиот дом во стебло на дрво. Легендата вели дека ако ова крзнено животинче ја види својата сенка, зимата ќе трае уште шест недели, а ако нема сенка, пролетта брзо ќе дојде. Оваа година, Фил ја виде својата сенка.Во прокламацијата на Клубот на мрмотот на Панксатони беше речено дека Фил исто така ја споменал победата на фудбалскиот тим на Пенсилванија во неделниот Супер бол, велејќи дека „неговите сакани питсбуршки Стилерс повторно се светски шампиони".
Денот на мрмотот традиционално се одбележува секој втори февруари во градови и села низ САД и Канада.