Линкови за пристапност

Претставник на ОН киднапиран во Пакистан


Неидентификувано вооружено лице грабнало американски државјанин кој бил на служба во агенцијата за бегалци при ОН, во југозападен Пакистан.

Полицијата вели дека вооруженото лице денес од заседа ги нападнало претставникот на ОН, Џон Солецки, и неговиот возач, додека оделе на работа. Солецки е раководител на канцеларијата на агенцијата за бегалци во Куета, главен град на провинцијата Балучистан.

Официјални лица велат дека возачот бил ранет во нападот и подоцна умрел.

Пакистанското министерство за надворешни работи го осуди, како што го нарече „подлиот терористички напад" и кажа дека сите мерки биле преземени за безбедноста и брзото опоравување на Солецки.

ОН изразија „екстремен шок и неверување" истовремено осудувајќи го напаѓањето на хуманитарни работници во Пакистан.

Бунтовници во Балучистан вообичаено не киднапираат странци, иако тоа е пракса насекаде низ Пакистан. Ниедна група не ја презеде одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG