Линкови за пристапност

Супербоул – повеќе од спорт


Питсбург Стилерс и Аризона Кардиналс викендов ќе настапат во финалето на плејофот во американски фудбал, таканаречениот Супербоул – според многумина најголемиот спортски настан во земјата. Оваа супер-недела се очекува речиси 100 милиони луѓе ширум светот да го гледаат натпреварот.

Питсбург Стилерс се величина во американскиот фудбал – освоиле 5 од 43 финалиња. Аризона Кардиналс немаат титула од 1947-ма - дваесет години пред победниците од двете американски главни лиги да започнат да се соочуваат во вакви финалиња. Едноставно речено, во недела ќе биде Давид против Голијат.

Ние секогаш ќе бидеме аутсајдери на хартија, кажа одбрамбениот играч на Кардиналс, Дарнел Докет на Супербоул денот за медиуми – еден од многуте анстани поврзани со финалето.

Супербоул стана еден вид на национален празник – и изговор за забава. На овој ден, Американците консумираат храна во рекордни количини – само за Денот на благодарноста јадат повеќе. Натпреварот најверојатно ќе биде еден од најгледаните настани годинава. Огласувачите плаќаат дури по 3 милиони долари за реклама од 30 секунди. И рекламите се еден вид на натпревар – која е позабавна.

Па сепак, ниту Супербоул не е отпорен на економската криза – цената на некои влезници падна за 25 проценти.

Дали поради фудбалот, или пак рекламите – огромен број Американци во недела ќе бидат пред ТВ-екраните, со храна и пијалоци покрај себе.

XS
SM
MD
LG