Линкови за пристапност

Американската економија опаѓа со најбрзо темпо во последниве 26 години


Нема дилема, економската криза во САД се продлабочува.

За цела 2008-ма година, забележан е економски растеж за само 1,3 проценти. За 2009-та година се предвидува пад на економијата од два процента.

Се` позачестениот тренд на губење на работните места, предизвикува огромна загриженост. Само во декември, преку 500.000 Американци беа отпуштени од работа, со што вкупниот број на невработени во 2008-ма изнесува 2,6 милиони. Овој тренд продолжува.

Финансискиот експерт Џим Полсон од Минеаполис е скептичен дека 800-те милијарди во пакетот за стимулирање на економијата што во моментов се наоѓа во Конгресот ќе ги даде потребните резултати. Тој претпочита поголеми даночни поттици, со цел - креирање на нови работни места, а и за да се врати потрошувачката доверба.

Планот на претседателот Обама за економска обнова претежнува кон тоа владата да троши средства на проекти од јавен интерес. Владиниот буџетски дефицит е на рекордно ниво, а се очекува и натаму да расте. Официјалните каматни стапки се на рекордно ниско ниво, но и покрај актуелните мерки за санирање на кризата, економската ситуација во САД не е ни малку розова.

XS
SM
MD
LG