Линкови за пристапност

Гувернерот на Илиноис Род Благојевиќ отповикан од функцијата


Сенатот од сојузната држава Илиноис го обвини гувернерот Род Благојевиќ за злоупотреба на власта и со 59 гласови „за“ и ниту еден „против“ го отстрани од функцијата.

Благојевиќ беше обвинет за злоупотреба на службената должност за наводен обид да го продаде сенатското место испразнето со победата на Барак Обама на претседателските избори. Гласањето уследи по распитот за неговото отповикување на функцијата што траеше четири дена. Сенатот воедно му забрани на Благојевиќ во иднина да се кандидира за каква и да е` јавна функција. На местото на Благојевиќ дојде заменикот-гувернер Патрик Квин.

Благојевиќ по отповикувањето кажа дека ја примил одлуката со жалење, но не и со изненадување, и се заложи дека ќе го осветли образот

Претседателот Обама во писмено соопштение порача дека со отповикувањето на Благојевиќ е ставен крај на „болна епизода за Илиноис“.

XS
SM
MD
LG