Линкови за пристапност

Обама:  Намалената економија – „натамошна катастрофа“  


Според владин извештај, американскиот бруто домашен производ паднал за 3,8 проценти во последниот квартал на 2008-ма, што е најлош учинок од 1982-ра – наваму.

Американскиот претседател Барак Обама коментираше дека намалената американска економија е „натамошна катастрофа" за работничките семејства од средната класа во САД. Обама ова го изјави по објавувањето на извештајот на Владиниот оддел за трговија, според кој најголемата економија во светот се намалила во последните три месеци на минатата година. Американскиот бруто домашен производ паднал за 3,8 проценти во последниот квартал на 2008-ма, што е најлош учинок од 1982-ра – наваму. Извештајот наведува и дека ова е втор квартал по ред како се намалува економскиот обем. Тоа, вообичаено, е дефиниција за економска рецесија.

Обама кажа дека „треба да се дејствува сега" и го повика Сенатот итно да го усвои предложениот пакет за стимулирање на економијата од 800 милијарди долари што веќе мина во Претставничкиот дом. Еден од главните економски советници на Белата куќа вели дека рецесијата веќе се проширила низ целата економија.

Американците се` помалку трошат, а потрошувачката е главна движечка сили зад американската економија. Драматичниот пад на побарувачката резултираше во бран отпуштања низ компаниите.

Основни елементи на пакетот на Обама за стимулирање и обнова на економијата се вложување во проекти од јавен интерес, како изградба и реновирање на патишта и друга инфраструктура, со тоа и отворање на 3 до 4 милиони нови работни места, како и даночни скратувања. Пакетот доби зелено светло во Претставничкиот дом без ниту еден глас од опозиционите републиканци. Обама сепак се надева да ја потпише конечната верзија до средината на февруари.

XS
SM
MD
LG