Линкови за пристапност

Познати компании јавуваат за загуби, најавуваат отпуштања


Глобалната рецесија се шири и ги погаѓа компаниите – од призведувачи на камери до авио-превозници.

Една од првите американски фотографски компании Истман Кодак ќе елиминира 18 проценти од работната сила или 45.000 работни места поради паднатата продажба на филмови и продукти поврзани со дигиталната фотографија. 129 години старата компанија загубила преку 130 милиони долари во последните три месеци на 2008-ма.

Авио-производителот Цесна ќе скрати дополнителни 2.000 работни места поради намалена побарувачка.

Американската финансика компанија Чарлс Шваб ќе ја намали работната сила за 600-тини во наредните три месеци.

Фармацевтскиот гигант Ели Лили загубил над три милијарди долари во чевртиот квартал на минатата година.

Па сепак, луѓето наоѓаат причина за насмевка. Најголемиот прозведувач на пасти за заби Колгејт-Палмолив забележал профит – 20 проценти во четвртиот квартал.

Авионската индустрија е тешко погодена од кризата. Континентал Еарлајнс - четвртиот по големина авионски превозник во САД - во последната четвртина од 2008-ма загубил 266 милиони долари. Ју-Ес Еарвејс е во минус за 541 милион, а Џет Блу за 49 милиони.

XS
SM
MD
LG