Линкови за пристапност

ОН бараат преку 600 милиони долари помош за Газа


ОН бараат 613 милиони долари помош за Палестинците за обнова на Појасот Газа по неодамнешната израелска офанзива.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун ја побара помошта на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија Парите би овозможиле помош од животна важност во наредните шест до осум месеци.

Бан кажа дека цивилите во Газа и порано биле изложени на опасност поради континуираната израелска блокада на Појасот Газа која наголемо го ограничила протокот на добра. Генералниот секретар, заедно со директорот на хуманитарните операции на ОН во Газа Џон Гинг побара трајно да бидат отворени сите важни премини во Газа.

Гинг кажа дека 900.000 лица во оваа палестинска територија примаат помош во храна од ОН. Според Гинг, ОН исто така распределуваат милиони долари за оние чии домови биле оштетени и на кои им треба засолниште.

XS
SM
MD
LG