Линкови за пристапност

Израел возврати на ракетните напади врз своја територија со воздушни во Газа 


Израелски воени авиони извршија нови воздушни напади врз цели на милитанти во појасот Газа откако тие истрелале два проектили врз јужен Израел.

Израел соопшти дека целта на еден од нападите бил милитант на Хамас осомничен за експлозијата на бомба во вторникот во која загина израелски војник во патрола долж границата со Газа.

Палестински медицински лица тврдат дека во нападот било погодено возило во градот Кан Јунис во кое се наоѓал милитантот, при што биле повредени тој, но и други седум деца кои се наоѓале во близина. Од средата – наваму, милитантите од Газа истрелале два проектили врз јужен Израел. Немаше загинати.

Во време кога насилството повторно избувна во регионот, специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток Џорџ Мичел изјави дека единствен начин да запре илегалното префрлање на оружје во Газа е да се воспостави механизам за влез на легални добра во територијата. По средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас на Западниот Брег, Мичел рече дека Палестинската управа треба да биде вклучена во процесот.

XS
SM
MD
LG