Американскиот претседател Барак Обама се среќава со раководните лица на четирите армиски родови во САД на разговори за стратегиите за војните во Ирак и Авганистан.
Обама во Пентагон ќе разговара со Началникот на здружениот генералштаб и секретарот за одбрана Роберт Гејтс, а фокусот ќе биде на планот на претседателот за намалување на трупите во Ирак и распоредување на дополнителни американски војници во Авганистан.
Секретарот Гејтс пред сенатската комисија за оружени сили вчера кажа дека војната во Авганистан е „најголемиот предизвик за армијата“ со кој се соочуваат САД.
САД годинава планираат да испратат околу 30.000 дополнителни трупи во Авганистан.
Што се однесува на Ирак, Вашингтон и Багдад потпишаа безбедносен договор кој предвидува повлекување на американските трупи до крајот на 2011. Гејтс кажа дека после тоа САД очекуваат да останат инволвирани во земјата на некое ниво, под претпоставка дека Ирак сака такво партнерство.