Рекорден број на светски лидери, економски советници и бизнисмени разговараат за глобалната финансиска криза на годишниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија.
Форумот започна во алпското скијачко одмаралиште и ќе трае до 1-ви февруари. Рускиот премиер Владимир Путин ќе го отвори собирот.
Основачот и претседавачот со Форумот, Клаус Шваб, изјави дека финансиската криза е без преседан според обемот.
Тој рече дека на тоа треба да се гледа како на повик за будење за потребата од реформи на глобалните институции, системи, и начинот на размислување.
Годинава рекорден број на 41 шеф на држави и влади ќе присуствуват на Форумот, вклучувајќи го и кинескиот премиер Вен Џиабао и премиерот на Кенија, Раила Одинга.
Членови од администрацијата на американскиот претседател Барак Обама исто така се на собирот, а меѓу нив и советникот за национална безбедност, генералот Џејмс Џонс.
Повеќе од 2500 учесници од 96 земји ќе учествуваат на Форумот. Главна цел е барањето начин за стабилизирање и поттик на глобалната економија.