Специјалниот американски пратеник за Блискиот исток Џорџ Мичел изјави дека е критички важно да продолжи и да се консолидира прекинот на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хамас, што е на власт во Газа. Мичел рече дека Вашингтон ги поддржува египетските напори за медијаторство меѓу Израел и милитантите на Хамас.
Тој говореше во Каиро по разговорите со египетскиот претседател Хосни Мубарак. Мичел рече дека неговата посета на регионот е јасен сигнал дека новата администрација на
Обама е определена за постигнување мир и стабилност на Блискиот исток.Американскиот пратеник денес ќе го посети и Израел за да ги слушне израелските лидери за нивните ставови во однос на оживувањето на мировниот процес. Следна станица на Мичел е Западниот брег и разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Не планира да се сретне со Хамас.