Линкови за пристапност

Американскиот Претставнички дом ќе гласа по пакетот за стимулирање на економијата


Демократите во Претставничкиот дом имаат доволно гласови за усвојување на законот, но Обама сака широка меѓупартиска поддршка за мерката.

Вчера, Обама во Конгресот лобираше кај скептичните Републиканци, кои велат дека планот има многу трошоци и не предвидува доволно даночни олеснувања.

Во меѓувреме, клучна сенатска комисија ја одобри верзијата на законот откако беа додадени дополнителни 70 милијарди долари за даночни намалувања, со што планот ќе биде во висина од речиси 900 милијарди долари.

Претставничкиот дом и Сенатот ќе треба да ги усогласат двете верзии од стимулативниот план пред да може Обама да го потпише и да стане закон. Демократските законодавци се надеваат дека планот ќе биде одобрен до средината на февруари.

XS
SM
MD
LG