Линкови за пристапност

Веб-страница на неделата во избор на Гласот на Америка: WhiteHouse.gov


Барак Обама стана новиот претседател на САД точно на пладне на денот на инаугурацијата, што беше и времето кога беше променет дизајнот и содржината на веб-страницата на Белата куќа. За да добиете претстава за новиот претседател чија мантра е „промена", посетете ја новата официјална веб-страница WhiteHouse.gov.

„Заедно, знаеме дека ова е време на големи предизвици за американскиот народ. Ова се тешки денови, а уште потешки доаѓаат. Нашата нација е во војна. Економијата е во неизвесни води. Има многу работа пред да се врати мирот и да започне просперитет".

Ова се извадоци од минатонеделното радио и видео обраќање на Барак Обама до американскиот народ пред неговата инаугурација. На веб-страницата WhiteHouse.gov отсега ќе го има секое негово неделно обраќање.

Таму ќе најдете и историски информации за претседателската функција, како и за самата Белата куќа. Има и информации и за активностите и плановите на претседателот Обама за неговата администрација, вклучувајќи и многу прашања кои ги спомена при обраќањето на инаугурацијата:

„Ќе градиме патишта и мостови, електични постројки и дигитални врски што ќе ја хранат економијата и нас ќе не поврзуваат. Ќе ја вратиме науката на местото кое и припаѓа, и ќе правиме технолошки чуда за кревање на квалитетот на здравствената грижа и намалување на трошоците. Ќе го користиме сонцето, ветрот и почвата за гориво за автомобилите и нашите фабрики. Ќе ги трансформираме училиштата, колеџите и универзитетите да ги исполнат барањата на новото време".

На веб-страницата www.whitehouse.gov има и други информации за американската влада, официјален блог и многу друго.

XS
SM
MD
LG