Линкови за пристапност

Ново насилство во појасот Газа


Во обновени престрелки на границата меѓу Израел и Појасот Газа, загинаа израелски војник и Палестинец.

Борбите почнаа денеска кога поставена бомба од Палестинци експлодирала во близина на израелски војници кои патролирале во близина на граничниот премин меѓу Израел и Газа. Покрај убиениот израелски војник, тројца други се повредени.

Израелските сили поддржани од хеликоптери ја минале Газа и размениле оган со милитантите, при што убиле Палестинец.

Ова е досега најсериозен инцидент откако Израел и Хамас, што ја има контролата врз Газа, објавија унилатерален прекин на огнот на 18-ти јануари по тринеделната израелска офанзива против групата.

Новата ескалација на насилството се совпаѓа со посетата на специјалниот пратеник за Блискиот исток на американскиот претседател кој ја почнува првата мировна мисија во регионот со посетата на Египет. Џорџ Мичел се очекува да патува и за Израел, Западниот брег, Јордан и Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG