Линкови за пристапност

Обама бара натпартиска поддршка за надминување на економската криза


Објаснувајќи ја потребата од итно усвојување на неговиот план за економски опоравок тежок 825 милијарди долари, новиот американски претседател го спореди со - ногалка на столче:

-Предложениот пакет за економска обнова ќе биде само една ногалка на потребното столче - најмалку троножец, порача Барак Обама на средбата со првите лица во Конгресот.

Претседателот Обама побара Конгресот инто да го усвојат владиниот пакет од 825 милијарди долари за стимулирање на економијата, како и натпартиска поддршка:

-Знам дека се` уште им разлики меѓу владата и членови на Конгресот за некои детали на планот. Но, мислам дека не` обединува сознанието дека се соочуваме со несекојдневна криза на која мора брзо да се одговори.

Обама предвидува планот да резултира во отворање на три до четири милиони милиони нови работни места, најповеќе преку проекти од јавен интерес, како подобрување на патната инфраструктура. Во планот е вклучена и парична помош за владите на сојузните држави, даночни скратувања за поголемиот дел работници и поддршка на малите бизниси.

Сепак, некои републиканци, како водачот на републиканското малцинство во Претавничкиот дом Џон Бонер, велат дека тој чини многу и нема да ги оствари целите:

-Има цела редица прашања во овој пакет што немаат врска со нови работни места или пак помош за луѓето да не ги загубат постојните, тврди Бонер.

Некои стручњаци, пак, сметаат дека е потребен поголем економски поттик, со оглед на отпуштањата и се` полошата економска ситуација. Економистот Роберт Катнер предлага владата да потроши трилион долари годишно во наредните две години. Тоа го објаснува вака:

-За да постои поттик доволно голем да ја врати економијата во нормала, а кога ќе се врати растежот, да почнеме да го отплаќаме долгот.

Конгресните лидери се оптимисти дека планот ќе добие зелено светло во Конгресот и дека Обама ќе го потпише пред средината на февруари.

XS
SM
MD
LG